ЕУ: Јемен да забрани венчавка со деца

Од:

Европската унија побара Јемен да забрани насилно венчање на деца. Ова барање доаѓа откако осумгодишно девојче од Јемен, почина поради повредите здобиени во текот на првата брачна ноќ, а властите ветија дека ќе го истражат тој случај и дека ќе ги казнат одговорните.

-Ја повикувам владата да ги почитува одлуките во рамките на меѓународното право, вклучувајќи ја и Конвенцијата на ОН за заштита на детските права. Јемен е држава потписничка и мора веднаш да ја врати силата на законот со кој се одредува минимална старосна граница за склопување брак, во согласност со меѓународните норми, со кои ќе се забрани злоупотреба на деца-соошти денес високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.

Таа изрази запрепастеност поради смртта на девојчето, пренесе „Франс прес“.

Осумгодишното девојче, кое што е идентификувано само како Раван, беше омажена за 40-годишен маж, минатата недела во градот Меди, во провинцијата Хаџах, северозападен Јемен.

-Властите во Јемен, не презедоа никакви мерки против семејството на девојчето, ниту против нејзиниот маж – истакна активистот за заштита на човекови права, Арва Отман, за „Гардијан“.

Во меѓувреме помошникот на премиерот, Мухамед Салем Басиндве денес изјави дека властите сериозно го истражуваат случајот и дека одговорните ќе излезат пред судот.

Многу сиромашни семејства во Јемен ги „продаваат“ своите млади ќерки, за да заштедат пари за одгледување и за да заработат дополнителни средства.

Според податоците на ОН, речиси половина од 24 милиони жители на таа држава, на Арапскиот полуостров немаат доволно храна, ниту пак пристап до безбедна вода.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он