ЕУ ја проширува листата на санкции со проруски бунтовници од Источна Украина

Од:

Европската унија ќе ја прошири листата со санкции кон официјални руски претставници и бизнисмени, со што наскоро ќе вклучи имиња на лица што се дел од проруските бунтовници во Источна Украина, јави дописникот на МИА од Брисел. Ова е одлучено на денешниот Совет за надворешни работи на Унијата со кој претседаваше новата Висока претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини.

– По оценувањето на состојбата на теренот, Советот ја повикува Европската служба за надоврешни работи (ЕЕАС) да подготви предлог за решение до крајот на овој месец за дополнително продолжување на листата на санкции со таргетирање на сепаратисти. Советот ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата на теренот во Украина и ќе дејствуваат соодветно, се наведува во клучниот дел од заклучокот на министрите за надворешни работи на 28-те земји-членки на Унијата.

Притоа, шефовите на дипломатиите на ЕУ-земјите, ги поздравија парламентарните избори за украински парламент од 26-ти октомври, но ги осудија и ги прогласија за нелегитимни претседателските и парламентарните избори во т.н. Народни републики Доњецк и Лугањк, организирани од страна на проруските бунтовници во Источна Украина. Притоа, Советот на ЕУ побара почитување на Протоколот од Минск, што вклучува почитување на прекинот на огнот, повлекување на руските војници од границата со Украина и прекин на доставата на оружје за проруските бунтовници, како и спроведување на мировниот план предложен од украинскиот претседател Петро Порошенко.

Министрите, исто така, повикаа и на целосно и независно спроведување на истрагата за падот на цивилниот воздухоплов на „Малезија ерлајнс” од летот МХ17хуманитарната криза и обезбедување на целосните човекови права во источниот дел на Украина, вклучително и на Крим и Севастопољ, што според официјален Брисел – се дел од Украина.

Првите луѓе на дипломатиите на земјите од Европската унија, побараа и брзо спроведување на потребните реформи од страна на украинската Влада, а поздравен е и договорот меѓу Киев и Москва за непречена достава на гас во ткео тна оваа зима, склучен во Брисел на 30-ти октомври оваа година.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска