ЕУ ја поздрави изборната победа на проевропските партии во Украина

Од:

Европската унија денеска ја поздрави победата на демократијата и програмата за проевропски реформи на изборите во Украина.

– Поздрави за украинскиот народ. Победа на демократијата и на програмата за проевропски реформи напиша на Твитер претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо.

Претходно, украинската Централна изборна комисија соопшти дека според прелиминарните резултати по 22,63 отсто преброени гласови по вчерашните вонредни парламентарни избори во Украина, убедливо водат проевропските партии.

Народниот фронт на премиерот Арсениј Јацењук освои 21,71 проценти од гласовите, а Блокот на претседателот Петро Порошенко има 21,62 отсто од гласовите.

На трето место е партијата Самопомош, чиј лидер е градоначалникот на Лвов, Андреј Садов, со освоени гласови 10,49 проценти.

Потоа следат Опозицискиот блок на Јуриј Бојкос – 9,57 отсто, Радикална партија на Олег Љашкос – 7,69 и татковина на поранешната премиерка Јулија Тимошенко – 5,90 проценти освоени гласови.

Над 34,6 милиони луѓе во Украина имаат право на глас. Во Украина се гласаше на околу 30.000 избирачки места, а во 72 земји на 112 избирачки места.

Претседателот Порошенко синоќа, два часа по затворањето на избирачките места, ја поздрави убедливата победа на проевропските партии.

– Поголемиот број граѓани гласаа за политичките сили кои го поддржуваат мировниот план на претседателот и бараат политичко решение на ситуацијата во регионот на Доњецк, посочи Порошенко.

Би можело да ве интересира

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци