ЕУ ја јакне заштитата на трговијата по спорот со САД во Светската трговска организација

Од:

Европската унија соопшти дека презема мерки со цел да ги заштити своите трговски интереси во спорот со САД, а по блокадата на Жалбеното тело на Светската трговска организација (СТО).

Европскиот комесар за трговија Фил Хоган изјави денеска дека Унијата „не може да си дозволи да биде без одбрана, доколку нема можност да се постигне задоволувачко решение во рамки на СТО“.

Жалбеното тело на СТО, чии одлуки влијаат на трговијата вредна милијарди долари, од вчера веќе не може да носи пресуди во новите спорови, поради што државите можат да воведуваат протекционистички мерки и да не се грижат за евентуални казни.

Хоган истакна дека предлогот за промена на некои трговски правила на ЕУ, што ќе и овозможи на Унијата да одговори со исти мерки кога СТО нема да може да донесе конечна пресуда.

Работата на Жалбеното тело на СТО е блокирана, поради недоволен број на судии. САД веќе две години блокира именување на нови судии. Жалбеното тело има седум члена, но со арбитража и со сослушување можат да се занимаваат и минимално тројца судии. Во вторникот заврши мандатот на двајца судии, од вкупно тројца колку што сè уште ја извршуваат таа должност. Наследнички или наследници сè уште не се именувани. Поради тоа телото не може да донесува никакви одлуки.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски