ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

Од:

Европската комисија денеска соопшти дека обезбедила повеќе од 2,3 милиони евра за помош на луѓето кои бегаат од конфликти и насилство во Демократска Република Конго, по воената офанзива на недржавната вооружена група „М23“.

Хуманитарната помош треба да им помогне на околу половина милион луѓе кои се внатрешно раселени поради борбите во провинцијата Северен Киву.

Ситуацијата дополнително е отежната со епидемијата на колера и неопходно е итно зајакнување на сегашната реакција за вонредни состојби, велат од ЕК.

„Новото финансирање ќе го поддржи одговорот на колерата во камповите за раселени лица и ќе спречи ширење на епидемијата во други области“, се вели во соопштението од Брисел.

Финансирањето ќе му овозможи на УНИЦЕФ, хуманитарниот партнер на ЕУ, да го засили својот итен одговор за да обезбеди вода, санитарни и хигиенски мерки за населените места во здравствената зона Ниирагонго, северно од градот Гома, во провинцијата Северен Киву“.

Според комесарот за управување со кризи Јанез Ленарчиќ, „епидемијата на колера дополнително ја комплицира ситуацијата и нашата помош треба да обезбеди чиста вода и итни санитарно-хигиенски мерки за оние кои се во ризик“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски