ЕУ и СЕ побараа пронаоѓање на убијците на Немцов

Од:

Високи функционери на Европската унија и на Советот на Европа побараа денеска од руските власти да спроведат итна и непристрасна истрага за убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини порача преку соопштение дека е длабоко ожалостена од веста за убиството на Немцов, кој се „бореше за модерна, напредна и демократска Русија“.

Таа побара сеопфатна, брза и транспарентна истрага, а истото преку соопштение го побара и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

– Шокиран сум од убиството на познатиот политичар и лидер на либералната опозиција во Русија, порача генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд, кој им изрази сочувство на семејството на Немцов и на рускиот народ.

Јагланд истакна дека ова убиство е „знак на атмосферата на омраза и нетолеранција, која владее во многу делови на Европа, па и во Русија“.

Тој побара од руските власти да сторат се што е во нивна моќ за изведување на убијците на Немцов пред лицето на правдата.

Исто барање во одвоено соопштение изнесе и министерот за надворешни работи на Летонија, Едгарс Ринкевичс, чија земја е актуелен претседавач на Унијата.

Би можело да ве интересира

Москва: Марш во знак на сеќавање на убиениот опозиционер Немцов

А1он

„Извештај Немцов“: Во Украина загинале 220 руски војници војници

Ана Ололовска

Тројца од уапсените за убиството на Борис Немцов не ја признаваат својата вина

Емир Латифовиќ

Немцов погребан на московските гробишта

Емир Латифовиќ

Сведоците го опишале убиството на Немцов

Емир Латифовиќ

Бан Ки-мун го осуди убиството на Немцов

Емир Латифовиќ