ЕУ и Казахстан потпишаа договор за набавка на суровини

Од:

Европската комисија и Казахстан потпишаа Меморандум за разбирање, чија цел е да обезбеди развој на безбедно и одржливо снабдување со суровини и рафинирани материјали.

Договорот има за цел и развој на синџири за снабдување со суровини, батерии обновлив водород, со цел да се поттикне зелената и дигиталната трансформација на економиите на двете страни, соопшти Европската комисија.

Документот го потпишаа претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен и премиерот на Казахстан Алихан Смаилов. Договорот е потпишан во Шарм ел Шеик, Египет, каде Фон дер Лајен и Смаилов учествуваат на климатскиот самит на ОН, КОП27.

– Знаеме колку се важни батериите за електрификацијата на нашето стопанство, на пример за електрични возила или складирање на обновлива енергија, така што има голема побарувачка. ЕУ сака да постигне климатска неутралност до 2050 година и да се оддалечи од фосилните горива. И ова е местото каде што водородот ќе игра голема улога како главен извор на обновлива енергија што ќе ни треба. Знаеме дека сето ова бара соодветно количество специфични суровини, особено минерали со кои Казахстан е толку богат, рече Фон дер Лајен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски