ЕУ и Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ во заедничка борба против болестите поврзани со сиромаштијата

Од:

Европската унија и Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ на најбогатиот човек на светот, денесја се обврзаа дека ќе работат заедно во борба против ХИВ/СИДА, туберкулозата, маларијата и другите болести поврзани со сиромаштијата кои заедно влијаат на повеќе од една милијарда луѓе ширум светот.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, договорот што денеска е потпишан во Париз од страна на Бил Гејтс и европскиот комесар за истражување, иновации и наука, Мер Гегеган-Квин, создава нов стратешко партнерство за истражување во оваа област.

Како што информираа од Комисијата, ова партнерство ќе инвестира во истражување и развој на интервенции за заштеда на животот и подобрување на здравјето и благосостојбата на луѓето кои живеат во земјите во развој. Во прилог на забрзување на развојот на многу потребните лекови, вакцини и дијагностика, двете организации ќе бараат да се подобри достапноста и одржливоста на патиштата за да се обезбеди овие производи брзо да стигнат до оние на кои најмногу им требаат.

– Нашата цел во оваа нова партнерство е да работиме заедно за да се развие барем еден нов и подобар здравствен производ годишно. Ова ќе претставува голем чекор напред за милиони луѓе кои страдаат од болести поврзани со сиромаштија, истакна комесар Гегеган-Квин.

Милијардерот и филантропист Гејтс, пак, посочи дека со доволно ресурси и политичка заложба, овие две организации заедно ќе може да го подобрат животот на милиони луѓе пред крајот на оваа деценија.

– Фондацијата е целосно посветена во поддршка на напорите за развој на продукти што ќе спасуваат животи и да помогне во решавањето на некои од најтешките проблеми во светот.

Партнерство со Комисијата и другите финансиери е од клучно значење за успехот на нашата заедничка мисија, порача Бил Гејтс.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски