ЕУ и дозволила на Кина редигирање на извештајот за потеклото на новиот коронавирус

Од:

ЕУ призна дека и дозволила на кинеската Влада да го редигира извештајот за потеклото на новиот коронавирус и неговото глобално ширење, па така, овој европски документ, по интервенцијата на кинеската страна е објавен во Кина, јави Си Ен Ен.

Како автори на текстот се потпишани амбасадорот на ЕУ во Кина Никола Шапуи и амбасадорите на 27 земји членки на ЕУ во Кина и го објавиле во „Пиплс дејли“ и „Чајна дејли“ по повод 45-годишнината од дипломатските односи меѓу ЕУ и Кина, соопштено е на сајтот на ЕУ.

На барање на Пекинг, од конечната верзија на текстот е исфрлен делот кој се однесува на кинеското потекло на коронавирусот и неговото ширење. Иако делегацијата на ЕУ во Кина изразила „големо жалење“ поради измените во текстот, исто така признава дека отстапката на кинеската страна е направена со цел во Кина да бидат објавени „важни и приоритетни пораки“.

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

ЕУ: Зајакнување на напорите за решавање на воените и одбранбените потреби на Украина

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

ЕУ подготвува жесток одговор на американските царини

Горан Наумовски

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада