ЕУ го ратификуваше Парискиот договор за климата

Од:

Европската унија го ратификуваше Меѓународниот договор од Париз за климатските промени и со тоа е исполнет и вториот услов за негово влегување во сила на 7 ноември, соопшти синоќа словачкото претседателство со ЕУ.

Како што јави ДПА, целта на договорот е зголемувањето на температурата на планетата да се ограничи до 2 степена Целзиусови во споредба со прединдустриската епоха.

Договорот влегува во сила по исполнети два услова: Ратификувањето на 55 држави, кои се одговорни за најмалку 55 отсто од глобалните емисии на штетни гасови.

Парискиот договор досега е ратификуван од 62 држави.

Претходно влера европските пратеници со големо мнозинство гласаа за ратификување на Парискиот договор – 610 гласа „за“, 38 „против“ и 31 „воздржан“.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Амбасадорите на ЕУ одобрија продолжување на санкциите против Русија

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

Трамп: ЕУ воведе царина од 50 отсто за вискито, ние ќе им одговориме со 200 отсто царини

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки

ЕУ подготвува жесток одговор на американските царини

Горан Наумовски