Советот на Европската унија соопшти денеска дека го проширува списокот на лица кон кои се воведуваат санкции поради случувањата во источна Украина со уште 11 имиња, со што листата брои вкупно 72 лица.
Лицата на лисатата добиваат забрана за патување во ЕУ, а нивниот имот на територијата на Унијата ќе биде замрзнат.
Причината за воведување на тие санкции е нивното соучество во дестабилизацијата на Украина во однос на нејзиниот територијален интегритет, суверенитет и независност.
Во соопштението се додава дека досега ЕУ го замрзнала имотот на две организации од Крим и Севастопољ
Имињата додадени на списокот ќе бидат објавени утре со објавувањето на одлуката во Службен весник.