ЕУ го осуди новиот државен удар во Буркина Фасо, втор за осум месеци

Од:

Европската унија го осуди новиот воен удар во Буркина Фасо, како и влошувањето на безбедносната и хуманитарната ситуација во оваа западноафриканска држава.

-Државниот удар ги загрозува напорите што се преземаат веќе неколку месеци, а особено мислам на вмешаноста на ЕКОВАС (Економската заедница на западноафриканските држави) која ја надгледува транзицијата, изјави шефот на европската дипломатија, Џозеф Борел.

„Европската унија повикува на почитување на преземените обврски, што се основа на договорот постигнат со EКОВАКС на 3 јули. Целта на договорот е да се поддржи Буркина Фасо во нејзините напори за враќање на уставниот поредок најдоцна до 1 јули 2024 година“, се додава во соопштението на Борел.

„ЕУ, исто така, изразува жалење за влошувањето на безбедносната и хуманитарната ситуација во земјата и, во овие тешки времиња, уште повеќе на сметка на народот на Буркина Фасо“.

Буркина Фасо, една од најсиромашните земји во регионот Сахел, пред два дена го доживеа вториот државен удар во последните осум месеци, што резултираше со соборување на потполковникот Пол-Анри Сандауг Дамибе. На власт потполковникот Дамибе дојде по државниот удар што го изврши на крајот на јануари.

Нов лиде рна земјата е 34-годишниот капетан Ибрахим Траоре, шеф на единицата за специјални сили „Кобра“, која се бори против џихадистите во регионот Каџи на северот на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 33 војници загинаа во напад на џихадисти во Буркина Фасо

Ана Ололовска

Буркина Фасо побара повлекување на француските војници од нејзината територија

Ана Ололовска

Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени

Грифитс: Глад во Буркина Фасо, некои жители јадат само листови

Ана Ололовска

Буркина Фасо: Соборениот лидер на хунтата Дамиба се согласи да поднесе оставка

Ана Ололовска

Во напад на екстремистите во Буркина Фасо убиени 100 цивили

А1он