ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја како неоправдана агресија

Од:

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска „остро“ го осуди севернокорејското лансирање на балистичка ракета што прелета над Јапонија, нарекувајќи го „неоправдана агресија“.

Ова лансирање ракета, што го поттикна Токио да го активира својот систем за предупредување, „е намерен обид“ да се загрози безбедноста на регионот, напиша Мишел во твит.

„Европската унија е во солидарност со Јапонија и Јужна Кореја“, додаде тој.

Медиумите во источна Азија денеска објавија дека вооружените сили на Северна Кореја утринава по локално време истрелале балистичка ракета со среден дострел, која прелетала низ јапонскиот воздушен простор и поминала околу 4.600 километри пред да се урне во водите на Тихиот Океан.

Лансирањето на ракетата го осудија и САД.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови