ЕУ го осуди автократскиот режим во Никарагва по претседателските избори

Од:

Претседателските избори во Никарагва се одржаа „без демократски гаранции“ и ја ставаат земјата на чекор до „автократски режим“, изјави високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел во денешното соопштение.

Тој во изјавата го истакна и „недостигот на легитимитет“ на изборите во Никарагва на кои претседателот Даниел Ортега беше реизбран за четврти петгодишен мандат со 75 отсто од гласовите.

Даниел Ортега „елиминираше секаква веродостојна изборна конкуренција, го лиши народот на Никарагва од правото слободно да ги избира своите претставници“, рече Борел, откако сите сериозни ривали на шефот на државата беа приведени.

За овие избори Ортега се кандидираше за претседател, а неговата сопруга Росарио Муриљо за потпретседател. Таа е потпретседател од 2017 година.

Според делумните официјални резултати објавени денеска врз основа на 49 отсто од преброените избирачки места, Ортега на изборите освоил 75 отсто од гласовите. Одѕивот е 65,35 отсто според официјалните податоци.

Шефот на државата Даниел Ортега беше фаворит бидејќи неговите главни ривали се во затвор, а против него се бореа многу малку познати кандидати. Опозицијата повика на бојкот.

Почитувањето на изборниот процес „е засенето со систематското апсење, малтретирање и заплашување“ на потенцијалните кандидати на опозицијата, како и на активистите за човекови права и новинари, продолжи шефот на европската дипломатија.

Тој ги обвини властите дека го држат народот на Никарагва во режим на „страв“ од протестите во 2018 година и предупреди на можното усвојување дополнителни санкции против Никарагва.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски