ЕУ го одобри четвртиот пакет санкции против Русија

Од:

Француското претседателство на Советот на ЕУ соопшти попладнево дека е усвоен четвртиот пакет санкции против Русија поради инвазијата на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Новите санкции се повторно насочени кон олигарси блиски до рускиот претседател, лица и ентитети инволвирани во нападот врз Украина и имаат за цел да ја погодат руската економија.

Санкциите се однесуваат на клучни економски и индустриски сектори како енергијата, луксузните производи, пристап до глобалниот пазар и финансиските институции. Целта на ЕУ е да го ослаби темелот кој му овозможува на Кремљ да ја финансира војната во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски

Патрушев: Украина ќе престане да постои

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море