Европската унија вчера додаде уште 11 имиња во списокот на лица со замрзнати сметки и визна забрана поради нивната одговорност за кризата во Украина.
Новите санкции веројатно ќе стапат во сила од сабота, изјави дипломат од Брисел.
Според него, објект на санкции се главно украински сепаратисти, и „можеби еден или двајца Руси“.
За неколку дена нивните имиња ќе бидат објавени во службениот весник на ЕУ.