ЕУ ги повика земјите членки да го проверат месото од Холандија

Од:

Европската унија денеска ги повика сите земји членки да ги проверат своите пазари од производите што соддржат месо од холандска компанија, осомничена дека на пазарот пуштила 50.000 тони месо со недекларирана соддржина на коњско месо, пренесе ДПА.

-Посочените производи треба да се повлечат, а претстојат уште проверки. Во оваа етапа потеклото на месото е непознато, но холандските власти признаа дека говедското месо било измешано со коњско, изјави портпаролот на Европската комисија Фредерик Венсан.

По скандалот со неозначената соддржина на коњско месо, што избувна претходно годинава, подготвените месни производи со говедско месо се подложени на проверки во цела ЕУ по препорака на ЕК, потсетува ДПА.

Резултатите од анализите идната недела треба да му се достават на Брисел.

Холандските власти соопштија за „голема шема за измама“ во земјата во која е вклучена само една компанија, рече Венсан, без да го посочи името на компанијата.

Властите утврдија дека, во периодот меѓу јануари 2011 и февруари 2013 година, 50.000 тони месо им биле продадени на 132 компании во Холандија и на 370 производители во 16 земји членки на ЕУ.

Холандската влада е шокирана од скандалот, дополнува ДПА.

Холандските власти вчера посочија дека безбедноста на месото не може да биде гарантирана и покрај недостигот на конкретни докази дека тоа е опасно за луѓето.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски