ЕУ донира 144 милиони евра хуманитарна помош за бегалците од Венецуела

Од:

На донаторската конференција за бегалците од Венецуела, што се одржува попладнево, Европската Унија ќе даде 144,2 милиони евра хуманитарна помош, најави шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел.

Покрај овие фондови од ЕУ, Европската инвестициска банка ќе им позајми 400 милиони евра на земјите кои примаат венецуелски бегалци.

Венецуелската бегалска криза е втора најобемна бегалска криза после Сирија со над пет милиони бегалци, според бројките на Обединетите Нации.

– Јужна Америка е силно погодена од оваа криза, која се влошува сега и со глобалната пандемија од Ковид-19. Бегалци од Венецуела пристигнуваат дури и во Чиле, потсети Борел во својот воведен говор попладнево.

Донаторската конференција има за цел пред сѐ да им помогне на јужноамериканските земји кои примаат венецуелски бегалци.

Организатори и коорганизатори се Европската Комисија, Шпанија, Норвешка и Канада.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он