ЕУ додели нови 10 милиони евра хуманитарна помош за сириските бегалци во Турција

Од:

Европската унија дополнително додели уште 10 милиони евра хуманитарна помош за сириските бегалци во Турција, се наведува во соопштението на Европската комисија, објавено денеска во Брисел, пренесе ТАСС.

– Зголемувајќи ја нашата помош за сирискиот народ и турските региони кои примија сириски бегалци, Европа застана до Турција и има намера да направи се што е можно за да помогне во постигнувањето политичко решение на оваа хуманитарна криза, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, која денеска престојуваше во кампот за бегалци во турскиот град Килис, што се граничи со Сирија.

Поради кризите во Сирија и Ирак, во соседна Турција веќе се префрлија 1,6 милиона бегалци. Од почетокот на сирискиот конфликт Европската комисија додели над 187 милиони евра помош за сириските бегалци во Турција.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски