ЕУ: До крајот на следната година во 28-те земји-членки ќе пристигнат три милиони мигранти

Од:

Европската унија прогнозира дека уште три милиони бегалци може да пристигнат во 28-те земји-членки до крајот на следната година.

Есенските економски прогнози на ЕУ, објавени денеска покажуваат дека миграцискиот бран нема да се намали ниту во 2017 година и до крајот на 2016 година ќе пристигнат дополнително три милиони мигранти.

Повеќе од 700 илјади веќе пристигнале во Европа во потрага по азил или работа, преоптоварувајќи ги прифатните центри и граничните служби.

Според очекувањата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации во Европа оваа зима дневно од Турција ќе продолжат да пристигнуваат по пет илјади бегалци и економски мигранти. Се очекува за  четири месеци да пристигнат уште 600 илјади.

УНХЦР повика за дополнително финансирање од 96,15 милиони долари за помош на Грција, Хрватска, Србија, Словенија и Македонија, со што итните фондови за справување со бегалската криза во Европа ќе достигнат 172,7 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина