ЕУ до крајот на 2021 година добива 200 милиони вакцини „Џонсон & Џонсон“, за кои не е потребна втора доза

Од:

Американската фармацевтска компанија „Џонсон & Џонсон“ почна да ја доставува својата вакцина против коронавирус во земјите од Европската унија.

Портпаролот на компанијата изјави дека целта е во 2021 година да се испорачаат 200 милиони дози вакцини – во ЕУ, Норвешка и Исланд.

„Џонсон и Џонсон“ развија вакцина што се дава во единечна доза – без потреба од ревакцинација.

-Првите дози ги напуштаат магацините, рече портпаролот на Европската комисија на прес-конференција.

Информацијата ја потврди и Питер Лиси, еден од германските претставници во ЕУ од редовите на ЦДУ – партијата на германската канцеларка Ангела Меркел.

-До неодамна беше нејасно дали планот ќе се исполни. Меѓутоа, сигурна е испораката на 50 милиони дози вакцини во вториот квартал, кажа Лиса, истакнувајќи дека тој добил такви информации од компанијата и Европската комисија , која ги координира разговорите со производителите на вакцини.

Американската компанија се обврза до крајот на јуни на ЕУ да и испорача 55 милиони дози и уште 120 милиони во текот на последните четири месеци од 2021 година, изјави претходно европскиот комесар за индустрија Тиери Бретон.

„Џонсон & Џонсон“ објавија дека почнале со испораките во земјите на ЕУ, Норвешка и Исланд, но не сакаа да зборуваат за акциите за април и вториот квартал од 2021 година.

Компанијата, сепак, е прецизна дека нејзина цел е во 2021 година да испорача 200 милиони дози вакцини во ЕУ.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он