ЕУ денеска за Украина, Русија и тероризмот

Од:

Шефовите на дипломатиите на државите членки на ЕУ на собирот во Брисел, ќе расправаат за кризата во Украина, односите со Русија но и за мерки за сузбивање на исламистичкиот тероризам.

Прва точка на дневниот ред е Украина, каде што повторно се водат борби помеѓу владините сили и проруските сепаратисти, а се очекува и жестока расправа за санкциите кои ЕУ ги воведе за Русија.

Како што беше наведено минатата недела, една третина од 27-те членки на ЕУ се залага за ублажување на санкциите против Русија, доколку таа направи и симболични чекори во правец на спроведување на договорот од Минск.

Останатите лидери на ЕУ, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел сметаат дека санкциите треба да останат се додека Русија не ги спроведе сите точки од договорот и не испрати јасни сигнали дека го почитува суверенитетот и територијалниот инрегритет на Украина.

На средбата ќе стане збор и за состојбата на Блискиот исток како и за текот на меѓународните преговори за иранската нуклеарна програма, кои ги координира поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, која сега е во својство на специјална пратеничка.

Инаку како што минатата недела најави новата висока претставничка Федерика Могерини, на дневен ред ќе се најдат и мерки за сузбивање на исламистичкиот тероризам и обидите на европските граѓани кои се приклучија на екстремистичките групи на Блискиот исток да го пренесат џихадот на европското тло.

Во таа смисла се очекува Советот да препорача создавање обединети европски бази на податоци за патниците во авионскиот сообраќај и одземање на патните исправи на потенцијалните џихадисти.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска