ЕУ дава милиони евра за логори за бегалци

Од:

ЕУ со години ги прекршува меѓународните закони за бегалци, имигранти кои се фатени на територија на Унијата ги депортира во Украина во специјални затвори, каде ги малтретираат и по една година. За работата на тие логори Брисел издвојува десетици милиони евра, покажа истражувањето на весниците „Репорт Мајнц“ и „ Шпигл“.

Стотици бегалци годишно, најчесто од Авганистан и Сомалија се обидуваат преку Украина да дојдат до територии на ЕУ, меѓутоа кога ќе бидат фатени ги враќаат назад во Украина и тоа во затвори за илегални имигранти.

Еден Сомалиец кој во втор обид дошол до Германија, за „Шпигл“ раскажал дека условите во логорите се застрашувачки.

begalci-logori1

-Три години бев во затворите во Украина. Ја изгубив надежта. Таму не тепапаше кој ќе стигнеше и каде ќе стигнеше, беше страшно -вели тој.

Дека условите се застрашувачки покажува тоа што во 2012 година имаше голем штрајк со глад, кој набргу заврши. Наспроти тоа ЕУ е еден од најголемите донатори на тие логори, а моментално се подготвува отворање на уште еден во местото Мартинивске.

-Ваквото однесување претставува кршење на меѓународното право-изјави за „Репорт Мајнц“, Илија Тодоровиќ од украинската канцеларија на УНХЦР.

Европската комисија соопшти дека нема информации за масовно депортирање на бегалци во Украина, а дека парите за центрите ги дава со цел условите во нив да бидат на исто рамниште како и условите во европските држави.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски