ЕУ: Да се намали приливот на бегалците или популистите ќе имаат успех

Од:

Европската унија мора да работи на значително намалување на приливот на бегалци во Италија од Либија следните неколку месеци или популистите на претстојните избори во неколку европски земји успешно ќе ја искористат мигрантската криза, предупредија лидерите на ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и Џозеф Мускат, премиер на Малта, која моментално претседава со ЕУ изјавија дека до овие пролет и лето се потребни одлучни акции, пишува холандскиот весник „Де Волксрант“.

Клучните вредности на ЕУ се во опасност ако не дејствуваме сега, напишаа европските лидери во писмо.

Либиската крајбрежна стража, според нив треба да ги зголеми напорите и да го спречи доаѓањето на мигранти со бродови во Европа.

Според холандскиот весник околу 90 отсто од мигрантите, кои пристигнуваат во Италија, тргнуваат од Либија.

Европската комисија ќе ги претстави денеска плановите за спречување на приливот на бегалци и ќе и понуди, како што се очекува, 200 милиони долари помош на Либија во 2017 година, кои ќе бидат користени за обука на припадниците на крајбрежната стража и купување и ремонт на бродови.

ЕК од членките исто така ќе побара да издвојат дополнителни 200 милиони евра, како и да соработуваат во размена за информации за мрежите за криумчарење на луѓе.

За тие планови оваа недела ќе разговараат и министрите за правда на земјите-членки, а во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ на Малта, на 3 февруари.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ