Европската унија побара од Русија ослободување на припадникот на естонската безбедносна служба Естон Кохвер, кој денеска е осудена на 15 години затвор поради шпионирање.
– Киднапирањето на Кохвер и илегалното притворање воо Русија потоа претставува јасно кршење на меѓународните права. На Кохвер му е ускратено правото на фер судење, немаше јавно сослушување, на естонскиот конзул не му беше дозволено да присуствува на сослушувањата, а ускратена му беше и адекватна правна помош, се посочува со соопштението на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.
Во соопштението се истакнува дека „ЕУ апелира до Руската Федерација да дејствува врз основа на своите меѓународни обврски, веднаш да го ослободи Кохвер и да гарантира негово безбедно враќање во Естонија“.
Судот во рускиот град Псков денеска осуди на 15 години затвор офицер на естонските служби за безбедност поради шпионажа.
Естонија тврди дека офицерот Естон Кохвер, бил киднапиран од непознати вооружени лица и одведен во Русија. Москва тврди дека Кохвер бил задржан на руска територија откако илегално ја преминал естонско-руската граница.
Кохвер е обвинет за шпионажа, илегална трговија со оружје и незаконско преминување на државната граниџа.
Естонските власти тврдат дека Кохвер истражувал организиран криминал во кој биле вмешани агенти на руската разузнавачка служба.