„Етнос“: „Фронтекс“ им објави војна на невладините организации

Од:

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража „Фронтекс“ им објави војна на невладините организации, кои со своите дејствија поддржуваат криминални мрежи на посредници, пишува електронското издание на грчкиот весник „Етнос“.

Весникот го цитира шефот на „Фронтекс“ Фабрис Леџери, кој тврди дека четири од десет спасувања на бегалци се од лица со приватни бродови, а не од меѓународни мисии.

Леџери упати јасна порака до организациите, без да ги именува, обвинувајќи ги дека со нивните дејства ги поддржуваат криминалните мрежи.

Случаите на „тесни врски“ меѓу некои доброволци, луѓе „солидарни“ на бегалците, и криминалните посредници, кои се наоѓаат во централниот дел на Средоземното Море, неколкупати беа осудувани кога бегалската криза во Егејското Море стигна до нејзината кулминација, посочува „Етнос“.

Во текстот се тврди дека се направени десетици предупредувања, дека членовите на невладините организации знаеле однапред за реоните каде ќе пристигнат гумените чамци со мигранти и оделе на местата со сопствени бродови и поради тоа секогаш пристигнувале први.

Во јануари 2016 година во регионот на морската гранична линија меѓу Грција и Турција, покрај островот Лезбос, беа уапсени, а потоа пуштени на слобода со кауција од пет до десет илјади евра, петмина странски доброволци, во моментот кога поаѓале со бродот со мигранти без тие да бидат вознемирувани од официјалните власти и дури и во присуство на брод од крајбрежната стража, пишува уште весникот, наведувајќи и други такви случаи за поддршка од страна на невладини организации на криминални мрежи на посредници.

Би можело да ве интересира

Македонија учесник во операција предводена од Фронтекс, пронајдени 505 украдени автомобили, 16 чамци и 2.000 украдени делови за возила

Катерина Ѓуровски

Почеток на заедничката операција со ФРОНТЕКС

Макрон до Пендаровски: Договорот со Фронтекс е доказ дека во ЕУ се почитуваат македонскиот јазик и идентитет

Талески: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Договорот со Фронтекс во Собрание

Нуркачите немоќни, временските услови лоши: Хеликоптер на Фронтекс се вклучува во потрагата по детето од Херцег Нови

А1он

Фронтекс објави необична мапа: Русите масовно доаѓаат во ЕУ, но и се враќаат и во Русија

А1он