Етиопските власти со повик сите способни Етиопјани да се приклучат на армијата во борба против силите во Тиграј

Од:

Кабинетот на премиерот на Етиопија ги повика „сите способни Етиопјани“ денеска да се приклучат на армијата, специјалните сили и милициите во борбата против силите на провинцијата Тиграј.

Изјавата е дадена шест недели откако владата прогласи едностран прекин на огнот.

Војната во Етиопија изби во ноември помеѓу федералните трупи и силите на Народноослободителното движење Тиграј, политичка сила што ја контролира провинцијата Тиграј.

Во последниве недели, борбите се проширија во соседните региони Амхара и Афар, што предизвика раселување на околу 170.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од пет степени ја погоди Етиопија

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска