Етиопскиот премиер Аби Ахмед изјави дека од денеска ќе ја раководи армијата на неговата земја „од фронтот“, што е драматичен нов чекор на добитникот на Нобеловата награда за мир во разорнувачката едногодишна војна.
„Ова е време кога е неопходно да се води земјата со мачеништво“, рече 45-годишниот премиер во изјавата објавена синоќа на социјалните мрежи.
Во изјавата на премиерот, поранешен војник, не се наведува точно каде ќе оди денеска.
Неговата портпаролка, Билен Сејум, не одговори на барањето за коментар.
„Ајде се најдеме на бојното поле“, рече Ахмед.
Во неговата изјава се тврди и дека Западот се обидува да ја победи Етиопија.
Претставниците на Африканската унија и САД продолжија со дипломатските напори во потрага по примирје и разговори за политичко решение.
Додека ривалските сили на Тигрејците се приближуваа до главниот град Адис Абеба, етиопската влада на почетокот на овој месец прогласи вонредна состојба на територијата на целата земја.
Премиерот Ахмед синоќа претседаваше со извршниот одбор на владејачката Партија за просперитетот, а министерот за одбрана Абрахам Белај за државните медиуми изјави дека „од денеска сите безбедносни сили ќе почнат да преземаат посебни мерки и тактики“, не прецизирајќи за какви мерки и тактики станува збор.