Во напад на милицијата во регионот Бенишангул-Гумуз во западна Етиопија загинаа 14 цивили, а безбедносните сили убиле и 14 припадници на милицијата.
Шефот на безбедносните служби во регионот, Гашу Дугаз потврди дека нападот се случил во областа Дангур и дека осум лица добиле лекарска помош поради повреди.
Гашу рече дека се фатени двајца напаѓачи и оти биле запленети пет „калашникови“.
Ова е последен во низата фатални смртоносни напади од страна на милицијата во регионот.
Етиопските трупи и припадниците на федералната и регионалната полиција во моментов се наоѓаат во регионот Бенишангул-Гумуз, од кои некои делови се окупирани од милицијата по нападот.
Жителите на областа Дангур тврдат дека етничките малцинства Амхари и Агави се цел на нападот на милицијата.
Етничките тензии во Етиопија претставуваат еден од главните предизвици за Владата на премиерот Аби Ахмед.