Етиопија: Убиени најмалку 34 луѓе во терористички напад

Од:

Во момент на оружен судир во северниот дел на Етиопија, во регионот Тиграј, кој се води меѓу етиописката војска и бунтовниците, вооружени терористи во западниот дел од земјата нападнале автобус, при што се убиени 34 луѓе, соопшти Националната организација за човекови права.

– Овој напад е мрачен потсетник за човечките жртви што ги правиме како општество, се наведува во соопштението.

Најмалку 20.000 луѓе избегаа од северниот дел на Етиопија, каде се водат жестоки борби. Дел од нив ја преминале границата со Сомалија, а дел заминале во Судан.

ОН и локалните хуманитарни организации се обидуваат да им помогнат на бегалците кои од Тиграј пристигнуваат во се поголем број.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он