Етиопија избра прва жена претседател на државата

Од:

Етиопија денеска ја доби првата жена за шеф на државата, откако пратениците едногласно ја избраа Сале-Ворк Зевде за претседателка.

– Во патријархално општество, како нашето, именување на жена за шеф на држава не е само утврдување на стандардите на иднината, туку нормализација на улогата на жената како носител на одлуки во јавниот живот, напиша на Твитер шефот на кабинет на премиерот Аби Ахмед.

Зевде го оцени неодамнешниот трансфер на моќта на реформистичкиот премиер „за пример“ и рече дека ќе се фокусира на поврзување на сите страни за постигнување мир во земјата во која владеат мултиетнички конфликти во последниве месеци.

Етиописките пратеници минатата недела ја одобрија новата влада со рекордни 50 проценти женски министерки, вклучувајќи ја и прва жена-министер за одбрана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он