ЕТА го предава оружјето

Од:

Баскиската сепаратистичка органзиација ЕТА ќе го предаде оружјето на 8 април покрај главниот град на француска Баскија, Бајон со што по пет децении веќе нема да постои како вооружена група, соопшти баскиско-француска цивилна органиација, што посредува во разоружувањето.

ЕТА престана со оружени акции во 2011 година, но не го предаде оружјето ниту се распушти.

Операцијата за разоружување на ЕТА ќе се спроведе на безбеден начин вон градот Бајон со цел целосно предавање на оружјето што на крај ќе биде проверено, соопшти органзиацијата Баке Бидеа (Пат кон мирот).

Таа организација не откри детали за постапката, но техничкото предавање би требало да се изврши покрај Бајон на југозапад во Франција за да помине разоружувањето непречено и без инциденти.

ЕТА е формирана во 1958 година и е одговорна за повеќе од 820 убиства во обид за создавање независна држава на север во Шпанија и југозапад во Франција. Поради бомбашки напади и киднапирања е на листата на терористички органзиации во Шпанија, ЕУ и САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски