Ескалација во Ормутскиот теснец: Експлозии во Сирик, Минаб и Кешм

Од:

Повеќе експлозии одекнале во крајбрежните области на иранските градови Сирик и Минаб, како и на островот Кешм во иранската провинција Хормозган, а локалните власти соопштиле дека звуците од експлозиите на Кешм доаѓаат од морето, пренесува иранската агенција Фарс.

Агенцијата Фарс наведе дека звуци од повеќе експлозии биле пријавени во градот Сирик и во областа Минаб, како и дека експлозии се слушнале и на островот Кешм, во Ормутскиот теснец.

Според локалните власти во провинцијата Хормозган, звуците од експлозиите што се слушнале на Кешм доаѓале од морето.

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека на островот Кешм одекнала силна експлозија.

„Сè уште не е јасно дали звукот дошол од морето или експлозијата се случила на самиот Кешм“, наведе ИРНА.

Засега нема официјални информации за причината за експлозиите, евентуалната материјална штета или жртви. Најновите извештаи, сепак, наведуваат дека ИРНА известила оти повеќе области во Сирик биле погодени од „непријателски проектили“.

Би можело да ве интересира

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Хаос во авиосообраќајот во САД: Летовите продолжија, но доцнењата и откажувањата остануваат

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Иран отвори прв воен камп за обука на жени

Bloomberg: Иран произведува 50 балистички ракети месечно