Ештон вознемирена поради Украина

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон е исклучително вознемирена поради влошувањето на безбедносната состојба во Украина, соопшти денеска нејзиниот кабинет.

Во соопштението се наведува дека тоа особено се однесува на вчерашниот атентат на градоначалникот на Харков, Генадиј Кернес и на заробувањето на набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во Славјанск.

– Загрижена сум и поради континуираните напади на новинарите и ограничувањето на слободата на медиумите, што вклучува и противзаконско пеземање на телевизиски предаватели, нагласи Ештон.

Таа оцени дека овие настани, како и зачестените случаи на киднапирање и убиства, претставува кршење на спогодбата која САД, ЕУ, Русија и Украина ја постигнаа во Женева на 17 април.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала