Ештон: Слободните и независни медиуми се темел на демократијата

Од:

Слободните и независни медиуми претставуваат еден од основните темели на демократското општетство, бидејќи го олеснуваат слободниот проток на информации и идеи и обезбедуваат транспарентност и одговорност, порача денеска вискиот претставник за надворешна политика и одбрана на ЕУ, Кетрин Ештон.

Во соопштението на Ештон по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, се наведува дека ЕУ ги повикува сите влади да се придржуваат кон меѓународните норми и да прекинат со заплашувањето, вознемирувањето, цензурирањето и произволното приведување на новинарите.

Според Ештон, нормите за заштита не треба да се ограничат само на лицата кои се формално признати како новинари, туку и на помошниот персонал во медиумите, како и на оние кои и се обраќаат на публиката преку новите медиуми.

– ЕУ силно се противи на какви и да било неоправдани ограничувања на интернетот и на другите нови медиуми, потенцира Ештон во пораката, додавајќи дека „сите човекови права што постојат „офлајн“ мора да бидат заштитени и „онлајн“, а пред се правото на слободно мислење и изразување“.

– ЕУ наскоро ќе усвои патокази за слобода на изразувањето „онлајн“ и „офлајн“ со цел да го реши проблемот со неоправданите ограничувања на слободата на изразување, да ја унапреди слободата на медиумите и да им пружи корисни насоки на официјалните претставници и персоналот на ЕУ, се наведува во соопштението на Ештон.

Портпаролот на еврокомесарот за нови технологии Нели Крус, Рајан Хит најави дека ЕУ планира да изврши притисок врз земјите во кои нема доволно ниво на слобода на медиумите.

– Вознемирени сме од оценката на независните организации дека некои земји од ЕУ не ги почитуваат стандардите за слобода на медиумите. Ќе ја разгледаме состојбата и ќе извршиме притисок врз земјите, кои прават чекот назад, нагласи Хит.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала