Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон изјави дека е од големо значење во Украина да се намали насилството и да запре заземањето на државни објекти.
-Од витално значење е да нема насилство и да се намали преземањето на згради-рече таа.
Ештон додаде дека е важно да продолжи да функционира украинското собрание, како „место каде што сите претставници на Украина можат заедно да работат“.
Е. Г.