Ештон: Изградбата на еврејските населби препрека за мирот

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон ја осуди денеска изградбата на нови еврејски населби на окупираните територии и предупреди дека со тоа сериозно се загрозува мировниот процес.

Исклучително сум загрижена поради извештаите за плановите за изградба на околу 3.000 станбени единици на Западниот Брег, вклучувајќи го источен Ерусалим, пишува во соопштението од кабинетот на Ештон.

Високиот претставник на ЕУ предупреди дека изградбата на населби во таков обем претставува „стратешки чекор кој ги поткопува изгледите за одржлива Палестина со Ерусалим како заедничка престолнина на двете држави“.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски