Ештон: ЕУ нема намера да посредува меѓу власта и опозицијата во Египет

Од:

ЕУ нема намера да биде посредник меѓу новите власти во Египет и опозицијата, изјави денеска во Каиро високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

– Претседателските избори во Египет се чисто внатрешна работа на земјата и ние не сме посредници меѓу новата администрација и опозицијата, истакна Ештон по средбата со египетскиот вицепремиер и министер за одбрана, генерал Абдел Фатах ал Сиси.

Таа нагласи дека Унијата „не инсистира на ништо, не поттикнува кон ништо и ја почитува волјата на Египќаните да изберат кој да ги раководи“. Ештон потврди дека ЕУ може само да дава совети како партнер на Египет.

Истовремено, шефот на европската дипломатија додаде дека политичкиот процес во Египет треба да ги опфати сите страни.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени