Ештон: ЕУ ќе игра активна улога во барањето на решение за кризата во Мали

Од:

 Европската унија активно ќе учествува во барањето на решение за кризата во Мали, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, јави БТА.

– Го признавам значањето на тоа што во моментот го прави Франција, но е неопходно да ги зголемиме овие напори, со цел да се најде трајно решение, изјави Ештон пред средбата со министерот за надворешни работи на Перу.

Ештон не одговори директно на прашањето дали и други европски земји ќе испратат свои војници. Таа нагласи дека стратегијата ќе вклучува долгорочна поддршка за развој на земјата и дејствија кои ќе гарантираат дека оние што прибегнуваат кон тероризам ќе бидат истерани од таму каде  моментално дејствуваат.

Франција минатата недела почна воена интервенција во северниот дел на западноафриканската земја. САД, Белгија, Велика Британија, Данска и Канада веќе помагаат со транспортни авиони на француската операција во регионот.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски