Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон денес побара да се направи политички план со кој ќе се вратат демократските процеси во Египет.
Ештон по вонредниот состанок со шефовите на дипломатијата на ЕУ соопшти дека
со властите во Египет и со останатите разговараат не само за изградба на политички план, туку и за негова примена.
-До сега се уште нема реакција. Ниту повиците да се прекине со насилство не се сослушани. Навистина е време да се преземат дополнителни мерки-изјави министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевицијус.
Елена Георгиевска