Ерупцијата на вулкан во Исланд претставува закана за авионскиот сообраќај

Од:

Метеоролошката служба на Исланд прогласи тревога за цивилниот воздушен сообраќај за авионските летови во реонот близу до вулканот Бардарбунга, по ерупцијата што се случи во текот на изминатата ноќ.

Научниците соопштија дека ерупцијата предизвикала излевање на лава, која сега се движи по падините на вулканот кон глечерот Ватнајокул.

Веднаш по ерупцијата, исландската контрола на летањето го затвори воздушниот простор над реонот зафатен од ерупцијата, во височина од 1500 метри.

Инцидентот се означува како закана за безбедноста во авиоснкиот сообраќај, посебно ако од кратерот на вулканот почне да излегува вулкански пепел.

Засега тоа не е забележано, но авионите на исландската крајбрежна стража од утринава почнаа да го пребаруваат целиот остров настојувајќи да утврдат дали од вулканот избива само лава.

Исланд се наоѓа во северниот Атлантик на важен воздушен коридор за летовите од и кон Америка.

Во 2010 година, ерупцијата на вулканот Ејафјалаокул, предизвика исфрлање на големи количества вулкански пепел во атмосферата, предизвикувајќи затворање на коридорите за летање во западните и северните делови од Европа,ѓто го поремети европскиот воздушен сообраќај.

Би можело да ве интересира

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Катерина Ѓуровски