Ерупцијата на вулканот Шивелуч во северниот дел на Камчатка, на далечниот исток на Русија исфрли облаци на гас и пепел на 4.600 метри надморска височина, соопшти денеска геофизичката служба на Руката академија на науки.
Ерупцијата на вулканот е голема закана за авијацијата поради што е прогласен портокалов, највисок степен на опасност, бидејќи честичките можат да навлезат во моторите и другите подвижни делови на авионите и хеликоптерите и да предизвикаат несреќа.
Во Академијата нагласија дека Шивелуч е еден од најголемите вулкани во регионот, како и дека неговата ерупција не претставува непосредна опасност за луѓето, кои живеат во околните населени места.