Ерна Солберг: Британија не може да го копира норвешкиот модел кон ЕУ

Од:

Норвешката премиерка Ерна Солберг изрази сомнеж дека Велика Британија би можела да го следи или копира моделот на Норвешка за нејзините односи и соработката со Европската Унија.

Во интервју за американската телевизија Си-Ен-Би-Си норвешката премиерка наведува дека Норвешка е „мала земја која веќе навикнала оти големите држави одлучуваат за многу работи во меѓународната еконмија“.

– Не сум сигурна дека Британија ќе се врати на системот според кој ЕУ носи одлуки, а Лондон само ги применува, вели Солберг.

Изјавата на норвешката премиерка доаѓа пред референдумот во Велика Британија, на кој Британците треба да одлучат за тоа дали нивната земја да остане во Унијата или да ја напушти.

Евроскептиците главно од владејачката Конзервтивна партија и антиевропските политичари ги уверуваат гласачите дека на земјата ќе и биде подобро надвор од ЕУ и го нудат како „идеален модел“ примерот на Норвешка.

Оваа нордиска земја не е членка на ЕУ, но е дел од Европскиот економски простор (ЕЕА). Тоа значи дека Норвешка, како и Исланд и Лихтенштајн, се дел од заедничкиот европски пазар на стоки, усуги, работна сила и капитал, но не ја применуваат заедничката политика на ЕУ.

Британските евроскептици и антиевропски политичари посебно се гневни што Брисел им „наметрнува“ правиила и прописи во сектори, како што се правото, правосудстото или имиграцијата.

Норвешка е надвор од заедничката политика на ЕУ во земјоделството и рибарството, една од главните нејзини индустриски гранки, што ја прави независна од квотите кои ги има поставено ЕУ.

Британските антиевропски политичари сметаат дека со тој норвешки модел ќе се ослободат од „диктатот“ на Брисел и од неговото „мешање“ во внатрешните состојби.

– Ние (Норвежаните) имаме модел со кој сме дел од заедничкиот внатрешен европски пазар. Тоа значи дека мораме да ги применуваме сите правила на ЕУ и закони за пазарот и за работната сила, но не можеме да гласаме за нив, зашто како земја која не е членка на ЕУ, не сме на заедничката маса каде се носат законите, вели Солберг.

Таа смета дека тоа е добро за норвешкиот бизис, но вели дека Норвешка нема глас во ЕУ, па му порачува на Лондон дека во евентуано такви услови ќе мора да се согласи да применува прописи од Унијата, што сега тоа не го прави.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани