Полемичарот од крајната десница Ерик Земур, кој успеа да добие 7 отсто од гласовите според Ифоп, повика да се гласа за Марин Ле Пен во вториот круг на претседсателските избори во Франција, јави дописникот на МИА.
-Вие сте повеќе од 2 милиони што ми ги дадоа вашите гласови денес. Ви благодарам многу за довербата, за надежта и за силата што ми ја давате вечерва, изјави Ерик Земур.
-Ќе продолжам да ја бранам Франција и нашите идеи и сигурен сум дека наскоро ќе победиме. Ви благодарам и за Франција, бидејќи секој ваш глас го сфаќам како крик на народ кој не сака да умре. Сигурен сум дека мојата порака е слушната, продолжи тој.
-Нашите идеи вредат многу повеќе од нашиот резултат, рече тој, пред да го оспори „третманот што му беше резервиран“. „Можеби е и моја вина“, се жалеше тој. „Направив грешки и ги прифаќам сите. Му должам многу за успехот на мојот тим, не им должам ниту еден мој неуспех. „Но, никогаш не излажав за да освојам поен на анкетите и никогаш не изневерив“, сепак контрабалансираше тој.
-Благодарение на вас, ништо повеќе нема да биде исто. Ве замолувам да останете достоинствени, да останете силни. Вашиот глас е глас на иднината, на надежта, бидејќи вистините што ги кажавме ќе бидат обврзувачки за сите во годините што доаѓаат. Продолжувајќи : „За три месеци го направивме она што ниту еден политичар не го направи за петнаесет години, ја изградивме најголемата партија во Франција. На моја страна се крена младоста.
-Веќе планираме за иднината. Нема да застанам тука, Реконкет (неговата партија)нема да се откаже додека Франција не биде повторно освоена, рече поранешниот новинар.
Ерик Земур на крајот повика да се гласа за Марин Ле Пен.
-Имам многу несогласувања (со неа), но наспроти Марин Ле Пен, има човек кој не кажа ниту збор за безбедноста, имиграцијата, кој ќе ќе направи полошо ако биде избран. Има нешто многу поголемо од сите нас, а тоа е Франција“, заврши тој.
Извор: МИА