Ердоган: Западот ќе плати бесконечна цена за изолацијата на Русија

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави за рускиот државен телевизиски канал „Русија 1“ дека Европа ќе плати висока цена за изолацијата на Русија.

„Цената за Западот ќе биде бесконечна. И Европа сè повеќе ја плаќа таа цена, а со неа и Полска“, рече Ердоган.

Медиумите јавуваат дека Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарале пред два дена. Тема на разговор беше целосното спроведување на договорот за жито.

Путин изјави дека Русија не е изолирана ниту ќе биде изолирана од остатокот од светот. Според Путин, „Русија има многу пријатели“.

„Русија не може да биде изолирана бидејќи е најголемата земја по територија и присуство на нуклеарно оружје“, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Би можело да ве интересира

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Украина потврди дека е пред договор со САД за минералите