Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ги повтори критиките кон францускиот претседател Емануел Макрон за употреба на анти-исламска реторика во неговите говори која вклучува „француски ислам“ со цел, како што рече тој, да се „прикријат неговите неуспеси во водењето на Франција“.
Според турскиот лидер оние кои се вознемирени од подемот на исламот во светот ја напаѓаат таа религија за време на кризи и користат анти-исламска реторика, а се со цел да се прикријат своите неуспеси.
„Вистинската цел на овие иницијативи предводени од Макрон е пресметка со исламот и муслиманите. Не треба да им дозволуваме на империјалистите да не делат на шиитски-сунити, бели и црни, турски, курдски, арапски и фарисејски. Ние ќе се сакаме заради Господ, а не заради нашиот етнички идентитет“, рече Ердоган.
Турскиот претседател додаде дека постојат терористички организации кои го искористуваат исламот, како што се Боко Харам, Ел Шебаб, Исламска држава и ФЕТО и посочи дека е потребно правилно да се образуваат луѓето за исламот, со цел да се спречат таквите девијантни бранови.