Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека односите на Турција со Израел се прекинати и додаде дека неговата земја е подготвена да започне прекугранични операции доколку се чувствува загрозена.

„Турција, на чело со Реџеп Таип Ердоган, не може да продолжи да ги развива односите со Израел. Во моментов немаме никакви односи со Израел во овој момент. Не презедовме никакви чекори за развој на овие односи“, им рече тој на новинарите по враќањето од Азербејџан.

Ердоган, исто така, изрази надеж дека Турција може да ги обнови врските со сирискиот претседател Башар ал Асад, што, според него, може да придонесе за намалување на регионалната тензија.

„Обновувањето на односите со Асад ќе биде корисно за намалување на тензиите во регионот“, рече тој, додавајќи дека се надева дека тоа ќе се случи во иднина.

Зборувајќи за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Ердоган изрази загриженост за некои од пораките кои доаѓаат од неговата администрација, но нагласи дека се надева оти Трамп во текот на својот мандат ќе преземе чекори кои ќе бидат од корист за Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски