За Турција годината што изминува беше многу успешна, бидејќи се реализирани проекти кои земјата ја класифицираат во редот на земји кои ги почитува и цени целиот свет, изјави премиерот Реџеп Таип Ердоган во годишното обраќање до нацијата.
– Во текот на 2012 година реализиравме проекти кои минатите векови само можевме да ги сонуваме. Реализиравме проекти, како во земјата така и ширум светот, кои Турција ја направија една од земјите кои се почитува и се цени, посочи Ердоган.
Тој покрај изградбата на 60 училишта ширум земјата, наведе дека почната е изградбата и на најголемиот тунел во Европа.
– Градиме модерен тунел со должина од 14.700 метри, кој ќе ја поврзе Турција со средна Азија. Ова ќе биде третиот најголем тунел во светот… Турција гради и еден од најголемите гасоводи во Европа, со кој ќе се обезбеди проток на гас од Азербејџан, истакна Ердоган.
Турскиот премиер посочи и дека Турција годинава го произвеле тенкот „Алтај“, што дополнителни ги зајакнало воените капацитети на земјата.
– Годинава го произведовме и сателитот „гоктурк-2“, кој беше успешно лансиран, додека минатата година го лансиравме сателитот „расат“. Така Турција стана една од 25 држави кои произведуваат сопствени сателити.