Ердоган: Срамота е што западните земји молчат за масакрот во Палестина

Од:

Срамота е што западните земји, кои секогаш се залагаат за човековите права и слободи, молчат за масакрот во Палестина, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Од витално значење е да се доставува гориво до местата на кои итно им е потребно, особено болниците во Газа“, рече Ердоган во говорот на вонредниот заеднички исламско-арапски самит во Ријад.

Тој рече дека во рамките на Организацијата за исламска соработка треба да се формира фонд за обнова на Газа.

Ердоган истакна дека се додека се игнорира палестинското прашање, напорите за нормализирање на регионот се осудени на пропаст.

Подготвени сме да ги направиме потребните напори, меѓу другото, како гарант, за да го зачуваме мирот што ќе се воспостави, рече тој, додавајќи дека Ерусалим е црвена линија.

„Нашата желба е Ерусалим, познат како град на мирот, и сите палестински земји да се вратат во своите поранешни денови“, рече Ердоган.

Според него, израелската администрација, која се однесува како разгалено дете на Западот, е должна да ја надомести штетата што ја предизвикала.

Ердоган изјави дека треба да се истражи постоењето на нуклеарно оружје, чие постоење го признаа и израелските министри, а доколку постои, да се откријат оние кои ја избегнале меѓународната контрола.

„Она што ни треба во Газа не се паузи од неколку часа, потребен ни е траен прекин на огнот“, рече Ердоган.

Тој нагласи дека треба да се свика меѓународна мировна конференција за да се најде трајно решение за конфликтот меѓу Израел и Палестинците.

Би можело да ве интересира

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу