Ердоган се сретна со јапонскиот премиер Шинзо Абе

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган имаше работна вечера со јапонскиот премиер Шинзо Абе, јави агенцијата Анадолија.

Дел од работната вечера беше отворен за медиумите, при што Ердоган изрази задоволство од посетата на Јапонија.

Турскиот претседател упати благодарност до Абе за неговото гостопримство, и честиташе за успешната организација на Самитот на лидерите на Г-20 во Осака.

Абе нагласи дека ќе вложи напори за развивање на стратешкото партнерство меѓу Турција и Јапонија.

На работната вечера, меѓу другите, присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за национална одбрана Хулуси Акар и министерката за трговија Рухсар Пекџан, информира Анадолија.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски